- Advertisement -
На 12.10.2019 во 11,10 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од РСМ, бил приведен A.Д.A.(31) од Бугарија поради постоење основи на сомнение дека патната исправа, како и возачката дозвола и личната карта биле фалсификувани. А.Д.А. бил предаден на полициски службеници од РЦ Север за понатамошна постапка, информираат од МВР.