Апceњa вo Словенија: Пpивeдeни пoвeќe лицa зa opгaнизиpaњe илeгaлнa мигpaциja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Словенечката полиција уапси неколку домашни и странски државјани, меѓу кои и српски државјанин, осомничени за организирање илегална миграција, соопшти денеска словенечкото МВР.

Двајца државјани од Бангладеш и тројца од Пакистан беа пронајдени вчера на автопатот кон Љубјана во приватно возило со словенечки регистарски ознаки, управувано од 21-годишник од Србија, пренесува агенцијата „Хина“.

Уште 13 илегални мигранти од Бангладеш и двајца од Пакистан беа пронајдени во близина на Кршко, а како водичи беа приведени 26-годишник од Босна и Херцеговина и 27-годишник од Украина.

Истиот ден, полицијата пронајде 14 државјани на Бангладеш во комбето на 41-годишен Словенец во реонот на Коцевје, и откри уште девет илегални мигранти од Авганистан и еден од Пакистан во областа Црномеj.

Полицијата објави дека планираните процедури со мигрантите се уште не се завршени, и дека не е познато дали ќе бараат азил во Словенија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This