АРАМИИТЕ АКТИВНИ ЗА НОВОГОДИШНАТА НОЌ: Новинарот Kежаровски еден од ограбените

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прославата на новогодишната ноќ кога граѓаните ги напуштаат своите домови била „поволна“ за крадците кои само на подрачјето на град Скопје извршиле тешки кражби на 12 места, информираат од полицијата. По една кражба во Центар и Кисела Вода, три на подрачјето на Аеродром. Меѓу нив е и домот на новинарот Томислав Кежаровски.

Кежаровски новогодишната ноќ ја прославиле кај пријатели, но кога дошле дома ги пречекалоло ново, непријатно изненадување. Разбојникот влегол од задната врата на куќата на Кежаровски во скопско Ново Лисиче. Крадецот не се „офајдил“ многу, но земал, за новинарот највредните предмети, два лап топ компјутери во кои е содржана целата негова работа – проекти, материјали за неговата книга и се она на кое работел овде во Македонија и во Германија од каде што е вратен за празниците.

 

Тешки кражби, разбојништва, напад на службено лице, нарушување на јавниот ред и мир во локалите каде се прославувала Новата година , за Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, претставува задоволство од она што го работеле во периодот пред празниците, во поглед на превенцијата. Очигледно е колку добро работеле и на превенцијата и на безбедноста на граѓаните.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This