АРАЧИНОВЕЦ ПОВРЕДЕН ОД ЗАЛУТАН КУРШУМ: Куршум го погодил во стомакот додека седел во чајџилница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во чајџилница во Арачиново вчера бил повреден дваесет и тригодишен маж од залутан куршум. Повредениот е префрлен во Градската болница каде му е укажана лекарска помош.

Од МВР соопштија дека вчера во 23 часот од страна на Итната медицинска помош било пријавено дека во чајџилница на улица „10“ каде бил како гостин, Е.И. бил повреден од залутан проектил.

Лицето е префрлено во Градска општа болница „Св. Наум Охридски” каде му е укажана лекарска помош и констатирана му е површинска повреда од залутано зрно во пределот на стомакот.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This