АРАЧИНОВЕЦ ТЕПАЛ ПОЛИЦАЕЦ: Од многу голема реформа во полицијата, полицајците почнаа и ќотек да јадат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

39-годишен маж од село Арачиново нападнал полициски службеници на крстосницата за влез во село Липково, кумановско, откако му рекле дека ќе му поднесат соодветна пријава затоа што не поседувал возачка дозвола и затоа што возилото не било регистрирано.

С.С. бил пресретнат од сообраќајната полиција вчера во 18.00 часот во патничко возило „Ровер“, поради контрола и легитимирање. При контролата двајцата полициски службеници утврдиле дека возачот не поседува возачка дозвола и дека возилото не било регистрирано.

Кога му соопштиле дека за овие прекршоци ќе му биде поднесена соодветна пријава, С.С. почнал да ги навредува, да им се заканува и да ги влече за униформите полициските службеници.

С.С. бил приведен во Полициското одделение Матејче, а по целосно документирање на настанот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This