АРАЧИНОВО ПОВАЖНО ОД СВЕТИ НИКОЛЕ И РОСОМАН: Преку 200 хектари земјоделски култури уништени од вчерашното невреме, Николовски во Арачиново!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градот им го уништи родот на земјоделците од светиниколското село Кнежје. Земјоделецот Чедо Костадиновски вели дека вчера доцна попладнето градот им го уништил родот на околу 200 хектари земјоделски површини.

– Дињите, бостанот, лозјето, гравот и тутунот оштетени се до 100 отсто. Житарицата е оштетена од 60 до 70 отсто, и е по земја. Прво сушата, па сега и градот ни го уништи родот, вели Костадиновски.

Во светиниколското село Кнежје жителите егизистираат само од земјоделство и сточарство. Бараат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да формираат комисии и да излезат на терен, со цел да се утврдат штетите од градот, кој го зафати овој атар во светниколскиот регион.

Додека Николовски како министер за земјоделие се шета низ Арачиново, да изврши увид во штетите од синоќешниот град во скопско, со денови го нема да ги слушне маките и да изнајде репение за состојбата со проблемот со откуп на праски во Росоман. Меѓу росоманчани денеска беше поранешниот заменик министер за земјоделие од ВМРО-ДПМНЕ, Ванчо Костадиновски, кој ги слушаше проблемите на росоманчани и се обиде да изнајдат решение.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This