March 28, 2024, 11:21 pm

АРАЧИНОВО ШЕМА ВО СИРИЈА: Хеликоптери на САД евакуирале офицери на ИСИС и транспортирале терористи во тренинг кампови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нов извештај на Сириските медиуми во кој се изнесуваат детали за извлекување на терористи на ИСИС, дополнително ги потврдуваат информациите дека воздухопловните сили на САД им асистираат на терористите во Сирија


Според сириската државна агенција САНА, САД досега ги евакуирале лидерите на ИСИС во Ал-Шададах кон североисточниот регион Ал-Хаска користејќи хеликоптери на американската армија.

Екстремистите биле транспортирани во Сабах ал-Каир, база лоцирана на 20 километри јужно од градот ал-Хаска, која САД ја користи за тренирање на милитанти, информираат цивилни извори за САНА.

Изворите додаваат дека хеликоптерите транспортирале четири високи офицери на ИСИС, вклучително и еден од Белгиска националност.

Исто така нотираат дека евакуцацијата се случува на редовна основа. На 21. февруари, анонимен извор од ал-Хасках за медиумите изјави дека бил сведок како хеликоптери на САД слетуваат на теротирија на локален затвор, и потоа го напуштиле. Изворот објаснува дека во тие летови се евакуирани радикали.

Претходно во ноември 2017. година, беа истакнати извештаи во кои се тврдеше дека „Воздухопловството на САД“ било користено за да ги транспортираат командирите на ИСИС од градот ал-Мајадин непосредно пред ослободувањето на градот од сириската армија.

Руското министерство за одбрана неколкупати соопшти дека коалицијата предводена од САД е вклучена во тренирање на терористи на ИСИС и Ал Нусра, со цел формриање на нова милитанта формација „Нова Сириска армија“ од бивши припадници на претходните две.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This