April 19, 2024, 10:09 am

АРБЕН НЕМА ВРЕМЕ ЗА „ГЛУПОСТИ“: Срамно и неодговорно однесување на Таравари – не знае што му се случува во министерството, и колку деца и бебиња починаа под негово раководство!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Трагедиите во здравството секој ден се нижат, а министерот Арбен Таравари не знае колку бебиња и деца починаа изминатиов период.

Дел од трагедиите прво се обиде да ги премолчи, потоа излезе со штури информации, одговорност не превзема, ама затоа на оваа тема си тераше шеги на социјалните мрежи.

Вчера испративме прашање до кабинетот на Таравари за вкупниот број на бебиња и дечиња кои ги загубија животите изминативе 10 дена.

„Во моментот се собираат податоци од надлежните институции и потоа ќе ги доставиме и до вас“. Овој одговор го добивме од кабинетот, но податоците не се стигнати ниту 24 часа откако почнале да ги собираат.

Медиумите секојдневно објавуваат за трагедиите кои ја потресоа цела Македонија, но Таравари нема информации кој и каде починал.

За конкретниот случај вчера кога новороденче почина на Детската клиника, Курир веднаш побара одговор од директорката Катерина Ставриќ која ни кажа дека за случајот ќе информира Министерството за здравство со официјално соопштение.

Неколку часа подоцна, таа лично одржа прес-конференција, очигледно поради фактот што и за оваа трагедија, таравари не најде време да се појави со факти пред јавноста.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This