April 25, 2024, 12:46 am

АРБЕН ТАРАВАРИ: Ако Река не влезе во втор круг ќе ги оставиме граѓаните да одлучат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Алијанса за Албанците до сега не размислувала да коалицира со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, иако градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, вели дека идеолошки се поблиску до ВМРО-ДПМНЕ отколку со СДСМ.

За „Фокус“ Таравари ја објаснува изјавата дадена за емисијата „Во центар“ и вели дека и двете партии се блиски по идеологијата затоа што се десничарски.

Кога велам идеолошки мислам на тоа дека и двете партии се десни. Инаку најблиски се ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и идеолошки и во начинот на водење на државата. Владиниот дуел не е многу различен, затоа што ДУИ ги дава сите карактеристики на новата Владата да личи на режимска – вели Таравари.

Тој е убеден дека кандидатот на Алијансата и на Беса, Блерим Река, ќе ги добие потребните гласови во првиот круг за да оди во вториот.

На прашање дали доколку во вториот круг влезат само Пендаровски и Силјановска, Алијансата ќе го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, тој одговара:

Ние не сме партија која полни кутии и немаме команда на нашите гласачи. Ќе оставиме граѓаните да одлучат – вели Таравари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This