April 26, 2024, 10:43 am

АРИЕВСКА РАСА: Децата родени во најтајниот проект на Хитлер, сеуште се живи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Идејата на Хитлер била во специјални домови да се одгледаат стотици илјади русокоси, силни деца, кои до 1972. година би формирале супернација која би броела 120 милиони луѓе. Освен логорите на смртта, другата најголема тајна на нацистичкиот систем била т.н. проект Лебенсброн

Според расистичиките идеи на филозофот Алфред Росенберг, техничките детали ги разработил самиот Хајнрих Химлер.

Планот бил да се промени човечката врста.

Нацистичките вооружени сили во тој контекст формирале и над 600 СС дивизии. Со таа воена моќ, сметале, дека никој не би можел да им се спротивстави.

Оваа потполно неверојатна идеја, за промена на човековиот род во целиот свет била можеби најлудата замисла која таа екипа, опседната со мистични култови, алхемија и еугеника, некогаш ја осмислиле.

Идеални им биле Норвежаните, „потомци на Викинзите“.

– Нордискиот човек е најубавото човечко суштвество на светот. И по интелегенција и по својата исклучителна појава, тој е супериорен. Нордиецот има светла коса и сини очи – крал над кралевите во однос кон сите останати припадници на човечката раса на земјата – пишува Ханс Гунтер, нацистички теоретичар за раси. Според неговите критериуми, идеални биле Норвежаните, „потомци на Викинзите“….Викинзите, според него давале идеално ариевско потомство бидејќи ги имале бараните особини баш како и Германците, па дури и подобри. Сепак Норвешка не била доволна.

Собирање на жени за формирање на суперариевска раса
Спред планот на Химлер, формиран бил специјален тим за „расен избор“ кој по окупираните земји, односно по целиот свет, требало да собира жени за формирање на суперариевската раса.

Агентите патувале во Норвешка, Холандија, Белгија, Данска, Франција, Британија, Канада, Австралија и САД. Кога Вермахтот влегол во тие земји, акцијата би тргнала и одбраните жени би завршиле во Германија.

Проектот веќе бил во полн ек таму. Кон средината на 1936. година Химлер го отворил првиот „Лебенсборн“ во еден дворец во близина на Минхен. Системот имал домови за мајки и домови за деца.

Ескпериментот не одел по планот бидејќи Германците основале вкупно шест специјални домови за деца и 17 домови за мајки.

Секоја Германка која имала повеќе од три деца, добивала „Мајчински крст“ како одликување. Тоа било одличје рамно на „Железниот крст“ кој се доделувал за храброст во Германија. Сепак многу делови од експериментот тргнале, за нацистичките еугеничари, во погрешна насока. На многу новороденчиња со текот на времето косата им потемнувал.

Децата кои не остануале со светла коса, ги чекала тажна судбина. Задушување со гас. Пред крајот на војната, Хитлер наредил уништување на сите Лебенсборнови деца, но таа наредба никогаш не е извршена.

Господарот на Рајхот, уверен во тоа дека на светот има место само за еден народ, бил уверен дека Германците заслужуваат колективно уништување. На својот министер за воена економија, архитекот Шпер – кого Хитлер го обожувал – Фирерор му наредил да ја запали Германија.

За среќа, Шпер имал доволно разум и доволно храброст да се спроитвстави на наредбата на Хитлер. Истата наредба, од Москва, ја издал Сталин. Тој се плашел од „жилавоста“ на германскиот народ. Бил уверен дека Германците, доколку не им се уништи индустријата, за помалку од деценија повторно ќе станат сила и опасност за Русија, па наредил тотално уништување, но таа наредба од разни причини не е спроведена на дело.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This