АРКТИЧКА ЗИМА ВО САД: Ледениот бран однесе најмалку 12 животи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зимската бура која донесе обилни снегови и мраз во североистокот на САД во Њујорк однесе најмалку три животи, а бил пронајден и мpтoв бездомник на автобуска станица во Бафало. Во регионот на средниот запад пак, со саботата ледениот бран однесе 12 животи.

Двајца мажи загинале додека се обидувале да го исчистат снегот, а уште еден (59) зaгинaл кога со своето возило удрил во снежен нанос и се забил во столб во околината на Ливингстон, соопштува дежавната полиција, а пренесува АП.

Аутопсијата ќе утврди дали бездомникот бил жpтвa на студот или нешто друго било причина за неговата cмpт.

Во западните делови на државата Њујорк сеуште паѓа снег, пропратен со силни ветрови од над 48км на час, што веќе втор ден по ред го отежнува сообраќајот а на аеродромот во Бафало наврнале над 50цм снег.
Арктичките услови предизвикаа проблеми од Бафало до Бруклин, каде околу 200 пожарникари се борат со пожар кои избил во раните утрински часови во една комерцијална зграда, додека на аеродромот во Њу Џерси во пожар во гаража биле оштетени над 10 возила, но немало повредени.

Според порано добиените податоци ледениот бран кој го погоди Средниот запад и однесе 12 човечки животи се прошири и кон североисточниот дел на САД.

Пријавени се лица загинати во сообраќајни незгоди предизвикани од временските неприлики, и лица смрзнати поради ниските температури, а властите во меѓувреме соопштија дека во 85 одсто од територијата на САД температурите се под нулата, пренесува Танјуг.

Метеоролозите прогнозираат потопло време во текот на престојниот викенд, меѓутоа тоа е мала утеха за оние кои се соочуваат со ледените услови, бруталните удари од ветровите и екстремно нислите температури кои во некои делови достигнаа и 34 степени под нулата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This