АРМИЈАТА Е СПРЕМНА ДА ГО БРАНИ СУВЕРЕНИТЕТОТ И ИНТЕГРИТЕТОТ: Ѓорѓе Иванов денес на свеченоста во „Рамна Кула“ за Денот на Резервниот состав!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Знамето што пред четврт век се крена тука, на Рамна Нива, претставуваше јасна и недвосмислена порака дека ова е територија на суверена и независна држава. Држава која е мирољубива и отворена за соработка со сите добронамерници. Но, истовремено, држава со своја сопствена армија која е подготвена по секоја цена да ги штити територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија – рече Иванов во своето обраќање на одбележувањето на Денот на резервниот состав на Рамна Кула

Obrakjanje_Karaula_Ramna_niva_02

Во своето обраќање Иванов потсети на моментите кога Македонија се отцепуваше од Југославија, а „Рамна Кула“ беше местото каде што за прв пат се развеа Македонското знаме, што означи нова, суверена и независна Македонија.

– Знамето што пред четврт век се крена тука, на Рамна Нива, претставуваше јасна и недвосмислена порака дека ова е територија на суверена и независна држава. Држава која е мирољубива и отворена за соработка со сите добронамерници. Но, истовремено, држава со своја сопствена армија која е подготвена по секоја цена да ги штити територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија.Obrakjanje_Karaula_Ramna_niva_01

Врховниот командант се заблагодари на резервниот состав, велејќи дека тие се неразделив и клучен дел од безбедносниот систем на државата, но додаде дека истиот треба дополнително да се модернизира и да се трансформира во поефикасна вооружена сила.

Svecenost_Karaula_Ramna_niva_02

На крајот, Иванов додаде:

– Затоа, главна задача на Министерството за одбрана и на Генералштабот на АРМ е дополнително да ја зацврстат поврзаноста меѓу активниот и резервниот состав. Ваквиот сериозен приод кон резервата во иднина ќе значи редефинирање на резервата во одбранбениот систем и несомнено вклучување на сите субјекти од одбраната во процесот на планирање на обуката, вежбите и опременоста на резервата, во насока таа во наредниот период постепено да се изедначува со активниот состав.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This