Арнаутовиќ бeceн: Преку глава ми е од ВАР, не можеш ниту да се израдуваш како што треба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од еуфорија до очај. Така може да се опишат емоциите на австрискиот фудбалер Марко Арнаутовиќ по голот постигнат во 65. минута од синоќешната осминафинална пресметка против Италија на ЕУРО 2020, кој набрзо потоа му беше поништен од ВАР.

Само неколку сантиметри му недостасуваа на напаѓачот да донесе огромно водство за Австрија во моментите кога оваа репрезентација изненадувачки играше добро, што, пак, донесе огромна фрустрација кај него по средбата.

„Не сум доволно паметен, не знам што да кажам. Тешко е да се најдат зборови во ваква ситуација. Да имавме малку среќа, да беа неколку сантиметри на наша страна, ќе поминевме во четвртфиналето. Веќе многу имаме разговарано за ВАР, доста ми е од тоа. Човек веќе не може да му се израдува на фудбалот, не може да се израдувате на гол, ова нема никаква врска со фудбалот. Италија немаше да се врати ако на семафорот беше 1-0 за нас, бевме многу добри во вториот дел, но среќата ни го заврте грбот. Имавме шанси и имам само комплименти за тимот. Лудост е што бевме толку блиску до победа, но за жал мора да се помириме со елиминацијата, – изјави австрискиот офанзивец.

Арнаутовиќ беше во центарот на вниманието на стартот од ЕУРО 2020 кога беше суспендиран од УЕФА поради пцовките упатени кон нашиот Езџан Алиоски во меѓусебниот меч во Букурешт. Тој си на „одлежа“ казната и се врати во репрезентацијата, за да за малку донесе огромна радост на своите сонародници, која беше спречена од компјутерот во ВАР-собата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This