March 28, 2024, 10:25 pm

АРНИ СТЕ, КАКО ОВОШКИТЕ: Како Ленче Николовска се грижи за земјоделците во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ уште еднаш ја покажа својата декларативна загриженост за земјоделците, но само преку фејсбук. Поранешната советничка во министерството за земјоделство и сегашна советничка во владата на Заев токму за земјоделски прашања направи вистински гаф на Фејсбук поради кој во нормалните држави би добила отказ или во најмала рака би и било дозволено да си поднесе оставка.

Таа на својот Фејсбук профил во пост ги запраша земјоделците ,, Земјоделците, се спасија ли овошките’’? На нејзиниот пост потоа следуваа лавина од негативни коментари поради ваквото однесување.

Николовска во овие тешки моменти за земјоделците наместо да е на терен да ја процени ситуацијата, таа од комфорот на својот дом само декларативно се грижи за земјоделците. Ваквите неочекувани и вонредни временски услови можат да резултираат со огромна штета на повеќе земјоделски производи од кои наи погодени би биле овошјата. СДСМ со ова уште еднаш ја покажа својата незаинтересираност за проблемите со кои се соочуваат земјоделците. Фактот дека СДСМ не води грижа за земјоделците се покажа и при донесувањето на буџетот за 2018 година кој е најголем до сега, но во него има помалку пари за субвенции од минатата година и помалку средства од оние кои СДСМ ги ветуваше во предизборието.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This