АРСИМ ЗЕКОЛИ ЗА #БОЈКОТИРАМ: Твит-твит ја порази лажната тик-так филозофија и ќе го порази и Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аналитичарот Арсим Зеколи брилијантен во својата најнова колумна за Дојче Веле, вели дека кампањата #Бојкотирам за референдумот е изнудено и општество диктирано продолжение на ,,Шарената револуција’’ која во овие моменти е заробена од државата.

-Би можело да се каже дека (иако навидум тематски различна) кампањата #Бојкот на референдумот е изнудено и општествено диктирано продолжение на државно заробената „Шарена револуција”, истакнува Зеколи.

Зеколи жестоко ја критикува и кампањата на СДСМ ,,Вистината за Македонија’’ која неславно заврши, а од нејзе останаа само жаргонските бисери. Тој вели дека снимките сега служат само за уценувачки потсетување на заборавени актери, додека низ подземјето се уште кружат и се користат за уцена, во случај да затреба.

-За разлика од кај нас каде сѐ што остана како потсетник на бурната пролет 2016 се жаргонските бисери на сниманите вмровци и интегристи, јутјуб снимки кои „ќе се најдат” за уценувачки потсетувања на заборавните актери, обесмислената надеж во СЈО и од-време-на-време некое нарачано потсетување дека низ подземјето сѐуште кружат снимки. Кои чекаат да се објават „ако затреба”, вели тој.

Зеколи потенцира дека референдумот стана бајрак на обединување на некои нови конзервативни политички струи, кои се дистанцираат од како што вели ќор-подаништвото на ,,шарените’’. Тој следбениците на #Бојкотирам ги нарече претставници на нео-урбаниот конзервативизам и идентитетски традиционализам кој е во пораст во целиот свет.

-Фактот што движечката сила на кампањата #Бојкот се базира на хоризонтална поставеност базирана врз анонимност и индивидуалност оди во прилог на тезата дека нивната порака е посилна и побитна како идеја водилка (за привлекување) и доволна за дистанца од имањето на лик водач (како фактор на полемика). Но тоа не е најбитната разлика во споредбата помеѓу нивната стихијност и лидерското ќор-подаништво на „шарените”. Иако со право следбениците на #Бојкот можат да се наречат како националистички задоени (поради темата на Договорот со Грција), таквата квалификација ни приближно не ја доловува длабочинската динамика базирана врз нео-урбан конзервативизам и идентитетски традиционализам кој е во пораст. Притоа, прашањето на Референдумот е само бајракот на нивната борба, додека пак вистинскиот жар на антагонизам е директно поврзан со банализацијата на борбата против корупција од страна на СДСМ и „шарените”.

-Да не беше Договорот, ќе се најдеше друг обединувачки мотив за збивање на редовите од страна на овие нови струења на конзервативизмот кои сопствената морална оска не ја гледаат во слушање и читање на порнографски воздишки на актерите од бомбите или еротските елаборации на Фатиме Лукас. Туку од созреаната свест дека „слабостите се човечки” но буџетските пари се даночно граѓански. За разлика од дебело платената „шарена” имитација на либерализам, конзервативизмот на апартиските следбеници на #Бојкот е предвесник на длабокото свртување на општеството кон и во прилог на традиционалните, препознатливи и лесно мерливи квалификации на морал и неморал искажан низ парите и отчетноста, вели Зеколи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This