March 28, 2024, 12:17 pm

АРСЛАН АЛТАНОВ: Хаос

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За хаосот нема многу логички експликации прибидејќи тој самиот е ирационален, нелогичен и непредвидлив,тој е повеќе состојба на несвесност,на безредие во секаков смисол. Но хаосот воедно има и огромен потенцијал и за уништување на предходниот поредок, на тотален дисконтинуитет на сите установени правила, на смрт, разорување и непостоење. . . Сепак тука е и силата за нов почеток и нов ред. Татковците на американската валута – доларот, при неговото дизајнирање не ја изоставија древната гностичка максима- Ordo ab chao-или ”Ред од хаосот”. Значи прво е хаосот, а потоа редот. Ова е секако масонски сублимат од сите мали и големи религии кои во својот генезис секогаш го иницираат хаосот од кој по интервенција на бесконечниот принцип на битието и духот се создава редот.

Овие периодични состојби на хаос и ред одат наизменично низ постоењето и низ историјата, како да се раководени од еден несознатлив и неизмерлив космички принцип. Но секако дека во некои минорни делови од овој океан на сеопфатни мени на состојбите, одредени групации со голема политичка и финансиска моќ можат да симулираат и предизвикуваат разни типови на хаос, со предумисла и со одредени амбиции за воспоставување на нов, пожелен поредок со поинакви правила од предходните и со нови владеачки структури што ќе треба да го одржуваат овој принцип на опстојување. И овие промени се токму оние пикови во историјата преку кои го определуваме квалитетот на општествениот живот, но и типологијата на истиот. Револуциите секогаш провоцираат хаос за да се дојде до новата прераспределба на моќта и ингеренциите во новоискреираниот систем. Тука секогаш царува големиот ризик. Епилогот е неизвесен до крајот.

Таква е и оваа состојба на голем хаос кој ја преплави планетава со една по се сомнителна пандемија која како да е произведена со цел да се создаде своевиден контролиран хаос кој всушност ќе го затскрие оној вистинскиот кој наидува спонтано и кој неможе да се стави под контрола. Вештачки произведениот вирус Ковид 19 е токму тој хаотичен параван чија цел е да се предизвика еден психолошки хаос кај луѓето, да се развие општа параноја и глобална хипохондрија, а со овие лудачки стравови од болеста популацијата да се стави во апсолутна контрола, во тиранска диктатура зад која архитектите на новиот светски поредок ќе се обидат да го реставрираат системот со кој непопречено владееја со огромен дел од светот. Но тоа е веќе неможно. Нивната моќ е веќе ставена во иреверзибилен процес на уништување и исчезнување од глобалната геополитичка сцена. Што побрзо го сватат ова, толку подобро за нив.

Зошто оние разумни и итри криминалци веднаш ја напуштаат сцената кога нештата тргаат наопаку по нивната безбедност, и никогаш не се враќаат на местото на злосторството. Но каде да се бега кога целиот свет се свртел против нив? Како што буржуазијата ги истреби аристократските елити во Франција со буржоаската револуција , сечејќи им ги главите на гилотиња или како пролетерите ја истребија буржоаската елита во Русија, по болшевичката револуција, така денес им дојде крајот на неолибералните елити што веќе предолго управуваат со светската политика преку хипер криминалната организација на таканаречената “Длабока Држава”. Ова е во рацете на побеснетите стотици милиони пауперизирани, новопечени лумпен пролетери што ќе побараат сатисфакција за својата мизерија. А ќе ја побараат во бестијален манир.

Како глобалистичките системи НАТО и ЕУ ќе ги заштитат овие свои дегенерирани упраувачи? Како тајните служби ќе успеат да ги скријат овие инкриминирани бегалци кога веќе ништо не е тајно во овој свет на глобална поврзаност? Та и самите агентури им се веќе добро познати на бесните заговорници. Од овој новосоздаден хаос, бегање нема. Посебно е отежната нивната позиција зошто хаосот што го искреираа не дава по нив посакувани резултати. Вирусот кој го дисперзираа за помор на човештвото е недоволно моќен. Тој пребрзо мутира и наскоро ќе влезе во себеуништувачки процес. Но зад себе остави огромен економски крах, а стотици милиони луѓе ќе останат без работа и без егзистенција. Тоа е вистинскиот агенс за хаос. Тоа е застрашувачката реалност која надоаѓа. Системот едноставно се преоптовари,правилата на играта што овие неолиберални елити ги воспоставија преку мноштвото организации испилени за време на студената војна, а посебно во времето на монополарноста, сега им се удираат од глава.

Тоа е секогаш така кога се игра на моќ и страв, а не на правда и почит кон луѓето од сите категории. Но мудроста тешко доаѓа кај овие арогантни и бесловесни елити што владееја со најмоќните западни организации. Оваа плутократска елита едноставно веќе не може да се носи со вистината за нивниот начин на владеење, со нивните манипулации и со нивните безумни цели. Системот на ова владеење е втурнат во страшна ентропија од која нема излез. Нивните теориски претстави и нивните јалови симулации не испаѓаат во реалноста онака како биле искреирани. Напротив. Сега сите механизми за презервација на нивните позиции и моќ се ставени пред големи, несовладливи искушенија. Народите полека, но сигурно се будат од хипнозата во која беа втерани од страна на медиумската манипулација. Сега доаѓа моментот од кој повторно ќе се потресе светот. Жртвите се веќе определени. Е- мрежата која беше создадена за глобална контрола, сега е прудентно средство за организација на надоаѓачките револуционери. Во УСА народот масовно купува оружје. Во Италија се веат кинески знамиња по институциите, војниците од НАТО се заразени и болни, а нови луѓе не сакаат повеќе да се регрутираат. Мрачно е на западот. Зајде златното сонце и светот се помрачи. Така сега темнее триумфот на западот што Бертранд Расел го заговараше во својот филозофски историцизам. Занемеа грандиозните концертни дворани, се испразнија музеите дрочни од богатства искрадени по светот, се затворија границите на државите на слободниот запад. Се потемне, освен мал зрак на светлина во душите на праведните. И кога и последното сонце ќе се иструже од шахтата во некое забиено гратче во уште позабиената државичка Македонија, навјасана од гадни велепредавници, тогаш и тој мал зрак светлина ќе исчезне во сарајот на блудницата вавилонска и ќе зацари тотален мрак.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This