Арсовска: Доаѓа големата победа на 31 октомври, скопјани ќе изберат поубав живот и  модерно Скопје, победата од првиот круг ќе биде уште поголема

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доаѓа големата победа, скопјани ќе изберат човек кој ќе ги застапува сите за поубав живот, за модерно европско Скопје во кое сите ќе бидеме среќни и горди, изјави независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска на вечерашниот собир во Општина Аеродром, додавајќи дека победата од првиот круг на 31 октомври само ќе биде поголема.
Арсовска истакна дека од другата страна нема што да понудат, ниту како да ги оправдаат потрошените четири години стагнација и затоа се служат со лични напади кон неа.
-Од првиот момент кога кажав дека градоначалникот во заминување ќе одговара за сите средства кои ги потрошил од буџетот на скопјани, и наместо на поубав живот ги трошел ненаменски, после тоа почнаа директните напади. Го прашавме градоначалникот во заминување каде е тунелот под Кале, каде се кружните текови, каде се сообраќајниците, каде е подобриот живот, каде се 350 милиони евра потрошени пари на скопјани за кои не видовме резултати. Каде се милион евра за чистење на снег во година во која нема снег, зошто во кампања склучил договор за 32.000 евра за кафеани. Таков човек не е достоен да го води нашиот главен град, изјави Арсовска.
Таа истакна дека на овие луѓе им останаа само навредите затоа што, како што нагласи, овие луѓе за да си ги зачуваат фотелјите се подготвени се да продадат и излажат, па и да навредуваат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This