Арсовска: Згpoзена сум од конструкциите што ги пласира СДСМ, ќе поднесам тужба за клевета до Дарко Каевски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Град Скопје реагираше на обвинувањата на Дарко Каевски од СДСМ

„Згрозена сум од конструкциите што ги пласира СДСМ. Не само што информациите изнесени на прес конференцијата не се точни, туку безобразна политичка конструкција. Поради тоа ќе поднесам тужба за клевета до Дарко Каевски од СДСМ кој ги изнесе овие невистини. Јас не сум политичар, зад мене не стои политичка партија да ме брани, затоа ќе се бранам по институционален пат“, изјави Арсовска на прес конференцијата.

Арсовска нагласи дека не би се впуштила во битката за градоначалник доколку имала каква било дамка лично и професионално, спроти политичари кои освен црна кампања не можат да сработат ништо друго освен да напаѓаат.

„Јас ниту имам фирма на мое име, ниту имам долг по основ на неплатена сметка за електрична енергија. Веќе 7 години со својот ангажман сум претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија и со години не сум активна во ниту една фирма. Повеќе од очигледен е стравот на СДСМ и Петре Шилегов дека нивното време во град Скопје завршува и дека сите злоупотреби на градот ќе бидат отворени и предмет на ревизија“, изјави Арсовска

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This