Арсовска на средба со бутелчани: Нашиот град ќе биде европска метропола, заедно ќе ја исполниме заедничката визија за Скопје да биде атрактивно место за живот и работа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како човек што доаѓа од народот, за мене е важно да се слуша гласот на граѓаните и нивните ставови да бидат активно вклучени во креирањето политички и општествени процеси, особено кога станува збор за градот во кој што живеат, вели Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Град Скопје поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.

-На денешна средба со бутелчани разговаравме за унапредување на квалитетот на животот во Општина Бутел. Ќе го субвенционираме приклучокот за гасификација во сите домаќинства, ќе овозможиме поврзување на Гази Баба и Бутел со останатите населби преку внатрешна обиколница и нови велосипедски патеки. Подобрени инфраструктурни решенија ќе го олеснат секојдневното функционирање на жителите. Ќе има и доуредување и проширување на гробиштата, како и редовно чистење на просторот. Нашиот град ќе биде европска метропола, заедно ќе ја исполниме заедничката визија за Скопје да биде атрактивно место за живот и работа, пишува Арсовска на Фејсбук.

Таа денес оствари средба и со младите бутелчани.

-Младите бутелчани многу добро знаат што е она што им недостасува во нивната општина, предлагаат начини како да се надминат тие недостатоци и имаат волја за да се борат за подобра иднина во својата држава. Ваквиот нивен став и ваквото нивно размислување, за мене претставува поттик за да се борам за нивниот просперитет во нашиот град и да изнаоѓам решенија што ќе ги задржат во земјава, наместо да се креираат политики кои што ќе наидат на незадоволства и ќе ги однесат надвор од границите на Македонија. На нашата денешна кафе средба, им посочив дека ќе се заложам за унапредување на нивните можности и искористување на нивните потенцијали во рамките на моите надлежности. Еден град може да биде вистински и целосно функционален за своите жители, само кога младите се вклучени во одлучувачките и управувачки процеси.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This