АРСОВСКИ:Градоначалникот на струмичкото Ново Село од редовите на СДСМ не е единствениот функционер на СДСМ за кој што има индиции дека е поврзан и инволвиран во сериозни криминали

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Да, веќе запознаени сме од медиумите со случајот, градоначалникот на струмичкото Ново Село кој што е меѓудругото и од редовите на СДСМ не е единствениот функционер на СДСМ за кој што има индиции дека е поврзан и инволвиран во сериозни криминали.

Ова го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на денешната прес-конференција, одговарајќи на прашањето: Како го коментирате денешното апсење на градоначалникот на СДСМ на Ново Село?

-И подолго време кружат информации помеѓу граѓаните дека е инволвиран во ваков сериозен криминал. Меѓутоа наместо обид за дефокус во јавноста СДСМ треба малку повеќе да се позанимава, очекуваме кривичните органи да постапат по случаите каде што се делат и милионски тендери во РЕК, исто така да се испита и вмешаноста на камионите на Зоран Заев и на неговиот брат кои што се во РЕК, детално да се проверат сите бизниси и на Заев и на Анѓушев, но и на фирмите кои што се донатори на СДСМ и имаат донирано во овие година дена во партијата, кои што имаат сомнителни набавки и така натака. Бидејќи и сметаме дека сето ова е само еден дефокус, има многу поголеми криминални бизниси кои што треба да се истражат и да се сноси соодветна одговорност, изјави Арсовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This