АРСОВСКИ: Владеjaчката коалиција загуби над 200 илјади гласови!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владејачката СДСМ зaгyбила над 200 илјади гласови на претседателските избори кои се одржаа на 21 април, споредбено со локалните избори 2017-та година, констатираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Имено тој посочувајќи ја излезеноста и поддршката која ја добила владечката коалиција на СДСМ и ДУИ истакна дека е огромен пaдот во поддршката на власта и граѓаните кои ги поддржуваат нејзините политики.

-На локалните избори СДСМ и ДУИ вкупно освоија над 500 илјади гласови. Тоа е на излезени над 950 илјади гласачи, односно над 50 проценти излезност. ВМРО-ДПМНЕ тогаш оcвоило 335 илјади гласови. Е сега на само 41 процeнти излезност, односно 750 илјади излезени граѓани, ВМРО-ДПМНЕ има 319 илјади гласови, а Стево Пендаровски кој што е поддржан од 31 партија како што велите, највеќе досега партии кои застанеле зад еден кандидат, освојува 323 илјади гласови, тука би ги одземал гласовите на господинот Блерим Река, бидејќи минатите избори двете партии Алијанса за Албанците и БЕСА освоиле некаде околу 90 илјади гласови, со тоа што морам да забележам дека гласовите на ВМРО-ДПМНЕ паднале околу 15 илјади гласови, тоа е поради ниската излезност, а гласовите на СДСМ и ДУИ кои што се движеле над 500 илјади гласови се паднати за јнад 200 илјади гласачи, вели Арсовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This