April 23, 2024, 10:57 pm

АРСОВСКИ: Заев на Анѓушев му отстапил 7.105 метри квадратни земјиште по пат на непосредна спогодба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заев лично на 9. октомври му потпишал на неговиот вицепремиер и сопартиец Кочо Анѓушев согласност за давање под долготраен закуп на градежно земјиште за изградба на хидроцентрала, рече денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Заев по пат на непосредна спогодба, на Друштвото за производство, трговија и услуги ‘МХЕ ТОПОЛКИ ДОО’ Скопје, каде што еден од сопствениците е Кочо Анѓушев преку фирмата ‘Фероинвест’, а неговиот брат Тодор Анѓушев е управител, му доделил градежно земјиште во вкупна површина од 7.105 метри квадратни во катастарската општина Дреново за изградба на хидроцентралата ‘Тополка’. Одлуката е излезена во службен весник на 15. октомври- истакна портпаролот на опозициската партија.

Арсовски обвини дека станува збор, за како што рече, најкласичен случај на судир на интереси во владата на СДСМ.

-Кочо Анѓушев преку медиумите ја уверуваше јавноста дека неговите фирми нема да учествуваат и да добиваат бенефити од институциите на кои самиот им е претпоставен како вицепремиер. Но, очигледно на Анѓушев поважен му е личниот интерес и интересот на неговиот бизнис. Практично оваа Влада работи лично за нивниот интерес и нивниот бизнис, а граѓаните ги оставаат на цедило- кажа портпаролот кој исто така порача дека ќе дојде ден кога судството и институциите ќе бидат независни и Република Македонија и граѓаните ќе победат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This