АРСОВСКИ: Од каде овие наводни граѓански активисти најдоа стотици илјади денари да уплатат на сметката на СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ивана Туфекџиќ и Павле Богоевски се типични примери за лицемерие. Со месеци, па и со години наназад покажуваат лажно душегрижништво за граѓаните, а своите пари ги уплаќале на сметките на СДСМ, партија која е водена од аболицираниот криминалец Зоран Заев, истакна денеска на прес конференција Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

dimce-arsovski-640x426

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата 

Едно е прашањето од каде овие наводни граѓански активисти најдоа стотици илјади денари да уплатат на сметката на СДСМ. Прашања, за кои граѓаните и јавноста сеуште чекаат одговор.

Друго е прашањето кое целосно ги демаскира нивните мотиви. Зошто Павле Богоевски, кој е вработен во некаква си невладина организација за заштита на правата на хомосексуалците, би ги донирал своите 184 илјади денари на СДСМ, партија која е поим за криминал, кога истите тие пари можел да ги донира на некој си свој соборец за хомосексуални права со кого рамо до рамо работел до вчера?

Или дали некој кој себе си се смета за автентичен член на студентско движење, како што е Ивана Туфекџиќ, би ги донирал средствата во износ од 118 илјади денари на некој студент кому му е потребно или би ги уплатил на партијата која ја води аболициран криминалец како Зоран Заев?

Ова покажува дека Павле Богоевски и Ивана Туфекџиќ се само обични лицемери и лажни борци за демократијата и правата. Тие се исти како своите ментори Лидија Димова и Владимир Милчин, како и десетици други лажни граѓански активисти, кои до пладне се членови на некоја си невладина организација, а попладне штабски послушници на СДСМ и Зоран Заев.

Парите кои овие ликови ги уплаќаа на сметките на СДСМ, само потврдија дека не се работи за никаков граѓански активизам, туку се работи за обична борба за пари и функции со цел да го заштитат Зоран Заев за криминалите во кои е заглавен до гуша.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This