АРСОВСКИ: Секогаш кога СДСМ е на власт, во Република Македонија се прислушува (видео)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секогаш кога СДСМ е на власт, во Република Македонија се прислушува. Во Република Македонија во моментов незаконски се прислушува. Институциите и граѓаните по доаѓањето на однародената и криминогена власт се под целосен надзор на Заев и Спасовски.

Јавното признание на државниот обвинител е огромен скандал за кој некој мора уште веднаш да поднесе одговорност со оставка. Денеска во Владата на СДСМ, кога СДСМ е веќе година ипол на власт, се соочуваме со скандал за прислушкување кој е премногу сериозен и отвора прашања околу независноста и професионалноста на работењето на Јавното обвинителство. Неколку пати кажавме дека Јавното обвинителство постапува по одредени политички цени. Кој и зошто ги слушал јавните обвинители и ја следел нивната комуникација? Дали на ваков начин се вршело влијание врз предметите и постапките кои се водат изминативе две години? – запраша на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Понатаму додава:

ВМРО-ДПМНЕ го осудува, секое незаконско прислушување кое ја нарушува приватноста на граѓаните и служи за контрола и закана врз институциите. Ова е скандал, кој што мора веднаш да се расчисти и актуелната Влада да сноси одговорност.
Отворено се сомневаме дека во моментов не се следат само комуникациите само на криминалните банди поврзани со картелот на власт! Бараме одговор и од новоформираната ОТА, и од надлежните судови и од ЈО и од УБК дали во моментов функционира системот за следење на комуникациите и дали воопшто се постапува барем по една наредба од надлежните органи за документирање на криминалитие на мафијашките кланови? Дали се што се слуша и следи во моментов е нелегално? Дали образложението за неследењето на криминалните банди е дека има одредени потешкотии?
Конечно, кој ќе сноси одговорност од СДСМ и од власта и за овој скандал со прислушување? За вакви снимки зборуваше и градоначалникот на СДСМ од Демир Хисар кој јавно се закани дека ги прислушува вработените во општината. Секогаш кога се случува скандал со нелегално прислушување, секогаш ама баш секогаш, се замешани кадри од СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This