АРХИВА 2008 ГОДИНА: Како Конго го бранеше македонското име!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Демократска Република Конго со нота ја извести Македонија дека властите во Киншаса остануваат на својата позиција за признавање на уставното име на земјава во согласност со Коминикето со кое двете држави воспоставија дипломатски односи во 1999 година.

Од дипломатски извори дознаваме дека Конго не се премисил и покрај тоа што Грција му понудила воена помош по багателна цена само да ја повлече одлуката на Македонија да и’ се обраќа под уставното име.Постојаната мисија на Конго во ОН ја испратила нотата до македонското МНР завчера, по интензивните неколкудневни дипломатски контакти помеѓу официјални претставници на двете земји.

Известувањето од Конго, во МНР вчера го прокоментираа како „крај на кусиот еуфоричен дипломатски успех на официјална Атина“, која во изминатите денови објавуваше привидни успеси во обидите да издејствува промена во употребата на уставното име на Република Македонија од страна на трети земји. – Грчката офанзива со краток здив запре токму во Конго – соопштија од МНР.Според информациите од дипломатски извори oфицијална Атина му понудила на Конго воена помош од 100 тенка, илјада хаубици и неколку борбени авиони по симболични цени, но Конго тоа го одбил

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This