March 28, 2024, 11:44 pm

АСАНЖ: Русија нема врска со мејловите, жал ми е, Хилари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж негираше каква било врска на Русија со објавувањето на мејловите на демократската кандидатка за претседател на САД Хилари Клинтон.

„Хилари Клинтон неколку пати изјави дека 17 американски разузнавачки служби откриле врска меѓу Русија и нашите објави. Тоа не е вистина – можеме да кажеме дека руската влада не е изворот на нашите информации“, изјави Асанж.

Тој интервјуто, кое ќе биде емитувано на Раша тудеј, го дал во амбасадата на Екватор во Лондон, каде што се наоѓа веќе четири години.

„Хилари Клинтон е само човек. Всушност ми е жал за неа како личност, затоа што гледам некого кого жив го изеле амбициите, измачуван буквално додека не стане болен, што можеше да се види по несвестиците, на пример. Но, таа претставува цела мрежа луѓе, и цела мрежа односи со државите“, додава Асанж.

Во претходните девет месеци Викиликс објави над 30.000 мејлови од приватниот сервер на Хилари Клинтон кој го користела додека беше државна секретарка.

Меѓу тие мејлови се и околу 20.000 пораки испратени до членовите на Демократскиот национален комитет.

Минатиот месец Викиликс објави и 50.000 мејлови поврзани со Џон Подеста, шефот на нејзината кампања кој беше активен и во администрацијата на Бил Клинтон.

Американските безбедносни претставници во заедничко соопштение во октомври соопштија дека се „уверени“ дека Русија стои зад истекувањето на овие информации. Москва ги отфрли ваквите тврдења, а портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги нарече „бесмислица“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This