АСАФ АДЕМИ ГИ ОТПУШТИ ЧЛЕНОВИТЕ НА РАБОТНАТА ГРУПА ЗА СКОПЈЕ 2014: Бети Канческа Милевска гласаше ЗА, Скопје 2014 повеќе не им боде очи на СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за култура Асаф Адеми им се заблагодари за досегашната соработка на неговите советници Златко Теодосиевски и Донка Барџиева Трајковска укажувајќи дека повеќе нема потреба од нивните понатамошни ангажмани како стручни советодавни лица за креирање на културни политики за 2019 година.

И Теодосиевски и Барџиева – Трајковска не добиле детално образложение зошто нивниот ангажман се прекинува.

Двајцата беа членови на работната група за ревизија на проектот Скопје 2014. Теодосиевски е и координатор на Националната стратегија за култура 2018- 2022.

Националниот координатор за културата во Владата и ексминистер за култура Роберт Алаѓозовски, во изјава за „Независен весник“, вели дека министерот има право за именува советници, но тој лично не се сложува со последната одлука на актуелниот министер Асаф Адеми, да им ги откаже ангажманите на советниците Златко Теодосиевски и Донка Барџиева Трајковска. Исто така тој потврдува дека иако досега се консултирале за потезите во инистерството за култура, овојпат тој не бил консултиран за преземените чекори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This