Асиметрични договори потпишуваат само по војна поразени држави, како и Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тајни преговори, предавство на Македонскиот народ, укинување на Македонската држава – ова е реториката која опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја користи во последните неколку дена, откако нивниот лидер Христијан Мицкоски на уреднички брифинг обзнани дека во моментот во Бугарија Владо Бучковски како специјален преговарач, заедно со Зоран Заев преговараат усно прифаќање на барањата кои произлегуваат од бугарската декларација која ја донесе Бугарското Собрание, а со која се бара Македонскиот јазик да биде прогласен за дијалект на бугарскиот кодифициран во 1945 година.

Освен ова, во декларацијата се бара и прифаќање на тезата дека Македонската историја е дел од бугарската, а македонскиоте национални херои како Гоце Делчев да бидат прогласени за Бугари кои се бореле за Македонска автономија.

Со декларацијата на Бугарското Собрание се бара и признавање на тезата дека Св.Кирил и Методиј се Бугари.

Дипломатот и колумнист Ристо Никовски во изјава за Инфомакс тврди дека начинот на кој веќе подолго се распродаваат македонски национални интереси, за жал е навистина навредлив и срамен, се се прави тајно далеку од очите на јавноста.

– Начинот на кој веќе подолго време се распродаваат виталните македонски национални интереси е без преседан, навредлив и срамен. Неизбежно во такви ситуации, се се прави тајно, далеку од очите на јавноста, вели дипломатот.

Никовски додава и дека во договорите со Бугарија и Грција, оваа власт има направено непростливи историски грешки.

Според Никовски, Македонија откажа од името и од самите себе на крајно недостоен начин, а истото важи и за прифаќањето на заедничката историја со Бугарија, која може да биде само бугарска, што е потврда дека нема Македонци.

– Асиметрични договори потпишуваат само во војна поразени држави.
Ние се откажавме од името и самите себе на крајно недостоен начин. Истото важи и за прифаќањето на заедничка историја со Бугарија, која може да биде само бугарска, што потврдува дека нема Македонци, објаснува дипломатот за Инфомакс.

Со овие договори, смета Никовски, Македонија не си ги реши сопствените проблеми, туку напротив, потпишувањето на овие документи од историски аспект, ќе значи дека за сите проблеми кои ги направиле нашите соседи признаваме дека сме виновни токму ние.

– Двата договора не решија ниту еден наш проблем туку се само наше признание дека за сите недоразбирања со соседите сме ние виновни, додава Никовски.

– „Ова што сега се случува со Бугарија е само врвот на нашите национални безумности со кои треба да се затвори “Македонското прашање” со бришење на Македонците како народ“.

Никовски изјави дека ова по секоја цена мора да се спречи додека не е предоцна, односно, Македонија мора веднаш да го откаже предавничкиот договор со Бугарија ако Софија опстојува на блокада и уцените.

– Тоа мора по секоја цена да се спречи, додека не предоцна. Македонија мора веднаш да го откаже предавничкиот договор со Бугарија ако Софија опстојува на блокада и уцените, вели Никовски.

Во меѓувреме, опозициската ВМРО-ДПМНЕ започна со протести и блокади низ Скопје, тврдејќи дека се сомнева на преговарачката маса за симнување на ветото од Бугарија се ставени идентитетот, јазикот, културата, односно постои опасност за бугаризација на земјата.

– „ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека на преговарачката маса за симнување на ветото од Бугарија се ставени идентитетот, јазикот, културата, односно постои опасност за бугаризација на земјата. Повикувајќи се на дипломатски извори, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека двоецот Заев-Бучковски преговара со техничката бугарска влада за делови од декларацијата, која беше усвоена во бугарскиот парламент во 2019 година“.

Мицкоски исто така истакна дека има две решенија за Македонија да добие зелено светло за отпочнување преговори за членство во ЕУ.

Првото решение, за кое смета дека е најмалку веројатно, е Европскиот совет да донесе одлука без условувања и да извршат притисок врз бугарскиот претседател Румен Радев и техничката влада, но, за ова да се случи, Мицкоски вели дека шансите се 5 отсто. Второто решение е Заев и Бучковски да прифатат дел од бугарската декларацијата и директно да преговараат за идентитетот, јазикот и за културата, и тоа според него ќе бидат преговори без крај.

– Македонскиот народ, македонската нација, македонската држава заслужува без условување, без дополнителни патокази, без дополнителни договори уште од 2009 година почнување на преговорите со ЕУ. Ние ги споделуваме вредностите кои што ги споделуваат жителите на земјите членки на ЕУ. Затоа апелирам до вас оставете ги овие хегемонистички барања од официјална Софија кои што ги негираат посебноста на македонскиот јазик, идентитетот, историјата, културата, обичаите, и стапете со вредностите на кои што почива идејата за ЕУ. – истакна Мицкоски.

Шефот на дипломатија на Германија, Хајко Мас исто така бара да се укине правото на вето во ЕУ кога станува збор за надворешно-политички одлуки.

Мас потенцираше дека не може повеќе да бидеме држени како заложници од оние кои ја парализираат европската надворешна политика со своите вета, и затоа ветото мора да си замине, дури и ако тоа значи дека можеме да бидеме надгласни.

– „Не може повеќе да бидеме држени како заложници од оние кои ја парализираат европската надворешна политика со своите вета. Затоа кажувам многу отворено, ветото мора да замине, дури и ако тоа значи дека можеме да бидеме надгласани“. – потенцираше Мас.

Во меѓувреме од официјална Софија извести дека тие нема да попуштат во преговорите со Македонија и дека ќе го искористат своето право на вето со што ќе се оневозможи старт на преговорите на Македонија за пристап кон членство во Европската Унија.

Зоран Заев пак во неговата последна изјава поврзана со бугарскиот спор рече дека ако Македонскиот идентитет е на маса, тогаш Македонија ќе отстапи од преговарачката маса.

„Ги знаат нашите црвени линии, бевме во Брисел и им рековме: Ако го чепнете македонскиот идентитет и јазик, тргнете не од преговорите. За идентитет никој никогаш не разговарал“, рече Заев.

Никита П.А.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This