АСПИРИН КАКО ЛЕК ВО РАЗЛИЧНИ СИТУАЦИИ: 10 алтернативни примени на овој лек

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сте помислиле ли некогаш дека аспиринот може да се користи за нешто друго освен за главоболка и температура?

Овој лек има цел тон изненадувачки употреби за кои не сте знаеле. Ви претставуваме некои од нив.

Помага во лекувањето на акните

Аспиринот помага да се смири жариштето на инфекцијата,з атоа што има инфламаторно дејство. Скршете 2-3 апчиња и измешајте ги со лимонов сок, а потоа смесата нанесете ја врз мозолчињата и оставете ја да отстои неколку минути пред да го измиете лицето. Избегнувајте да ја користите оваа паста непосредно пред да излезете на сонце.

Ги смирува угризите од инсекти

Аспиринот исто така помага да не дојде до воспаление, црвенило, и да се намали чешањето на местото каснато од комарец. Стопете еден аспирин во малку вода и нанесете на местото да отстои неколку минути.

Ги намалува црнките на кожата

Аспиринот содржи состојки кои ги топат мастите, кои се користат и во кремите за масна кожа и во тониците. Измешајте 7 аспирини со три лажички јогурт и 1 лажичка мед. Нанесете ја маската на чисти лице и нека отстои 15 минути, а потоа исплакнете го лицето со млака вода. Исто така, поради грутките од искршените таблети, со миењето ќе направите и пилинг на лицето, а тоа ќе ги отстрани црнките.

 Спречува појава на првут

Освен што чеша, првутот е непријатен и за око, а за да се ослободите од првут, мијте ја косата со 2 аспирина столчени и измешани во количината шампон доволна за едно миење на косата.

Делува како пилинг

Аспиринот е одличен за отстранување на мртвите клетки од кожата на лицето и помага во одмастување на кожата и во намалувањето на порите. Измешајте еден аспирин со вода и оставете го да делува неколку минути. Ако имате осетлива кожа, нанесете го внимателно за да не се јави иритација.

 Ја отстранува задебелената кожа од стапалата

Овие таблети ја омекнуваат кожата на стапалата и лесно ја отстрануваат мртвата кожа. Направете паста од седум таблети и половина лажица лимонов сок, а потоа смесата нанесете ја на влажни стапала и замотајте ги во крпа. Оставете да делува 10 минути, а потоа истријте ги стапалата.

 Ја обновува оштетената коса

И вашата коса ќе има многу што да добие од аспиринот. За здрава и блескава коса, една табла аспирини растопете во шолја вода и нанесете ја на косата. Нека отстои 15 минути, а потоа измијте ја косата.

 Отстранува дамки од пот на облеката

Аспиринот ќе ви помогне да се ослободите од оваа непријатност, така што ќе ја потопите облеката во топла вода и ќе ставите еден или два (зависи од количината на вода и облека) аспирини во водата да се стопат. Откако ќе преноќи облеката во вода со аспирин, исперете ја.

 Отстранува дамки од сапун од кадата

Ако не саката сапуните да ја уништат вашата када, сомелете 5 таблети аспирин и ставете ги во средството за чистење. Нанесете на целата површина, оставете половина час да делува, а потоа отстранете ја нечистотијата со крпа.

Им го продолжува животот на цвеќињата

За да му го продолжите животот на свежото цвеќе, ставете таблета аспирин во водата. Овој трик е добар особено за рози.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This