АСТЕРОИД СЕ ПРИБЛИЖУВА КОН ЗЕМЈАТА: НАСА потврди дека новооткриен астериод ќе помине близу до Земјата во петок

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Астероид кој се проценува дека ќе биде поголем од метеорот кој експлодираше над Рускиот град Челјабинск во 2013 ќе помине покрај Земјата – неколку дена откако беше забележан дека се движи во наш правец

Неодамна откриениот астероид именуван како 2018 ЦБ ќе се приближи на само 64.000 километри до Земјата – помалку од една-петина од растојанието помеѓу Земјата и Месечината, според НАСА.

Се проценува дека е помеѓу 15 и 40 метри во дијаметар, 2018 ЦБ има потенција да биде двојно поголем од оној над Челјабинск кој беше со дијаметар од 17 метри. Експлозијата на метеорот над Челјабинск повреди преку 1.000 луѓе и оштети илјадници згради и автомобили.

„Иако 2018 ЦБ е доста мал, може да биде поголем од астероидот кој влезе во атмосферата над Челјабинск, Русија, речиси пред точно пет години во 2013“, вели Пол Чодас од НАСА.

И покрај големината и непосредната близина, НАСА вели дека вселенската карпа ќе помине безбедно покрај Земјата околу 17.30 часот по стандардно време во петок.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This