АстраЗенека ги иcтpaжyвa peзyлтaтитe oд вakцинaтa: Пoдoбpo пoминaлe пaциeнти кoи дoбилe пoмaлa дoзa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

АстраЗенека соопшти дека соработува со регулаторите во истрагата за давање помала доза на вакцина против коронавирус, бидејќи резултатите беа подобри кај испитаниците кои добиле помала количина вакцина отколку целосна доза, изјави портпарол на компанијата.

Генералниот директор Паскал Сорио претходно изјави дека АстраЗенека ќе направи дополнителни тестови низ целиот свет за да ја процени ефикасноста на вакцината.

На прашањето да ги коментира наводите на Блумберг за новите испитувања, портпаролот на АстраЗенека рече дека се вршат дополнителни проценки на податоците и додаде дека компанијата соработува со регулаторите за „најдобриот пристап за понатамошна оценка”.

– Тоа ќе биде додаток на податоците од постојните испитувања, кои во моментов се подготвуваат за поднесување регулаторна постапка, рече тој.

АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд признаа дека настанала грешка при тестирање на вакцината за коронавирусот, што предизвика многу прашања во врска со првичните резултати што ги објавија.

Соопштението е објавено завчера, само неколку дена откако компанијата и универзитетот објавија дека нивната вакцина е „многу ефикасна”, не спомнувајќи зошто некои од учесниците во испитувањето не примиле цела доза за време на првата од двете вакцинации, пишува списанието „Тајм”.

Всушност, подоцна се покажало дека групата што примила помала количина вакцина е подобро заштитена од волонтерите кои примиле цели две дози.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This