АСТРОНАУТИ ДА НЕ ИМ ВЕТИЛЕ ДЕКА ЌЕ ГИ ПРАВАТ: СДСМ ја демантиpa веста дека било ветувано вработување на 300 пилоти од Арачиново

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ излезе со демант, во кој како што велат, најостро ги демантираат лагите изнесени во телевизиската емисија „Клик плус“ на ТВ21, дека наводно на жители на Арачиново им било ветувано дека ќе бидат вработени дури 300 пилоти. Тоа не е точно.


Станува збор за класични лажни вести изнесени од страна на извесен Шаби Билали, лице со сомнителен кредибилитет, велат од СДСМ.

Од таму наведуваат дека лицето кое го изнесува ова лажно тврдење е син на поранешен кандидат за градоначалник на Арачиново кој во Грција бил уапсен за нелегален транспорт на мигранти, а бил фатен и со наркотици. Дополнително, за време на кампањата за претседателските избори Билали сакал да отвори изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Арачиново иако таа партија таму нема никаква база, што дава и оправдан сомнеж за политичка заднина на изнесените невистини.

Зачудува потребата на ТВ 21 да остава медиумски простор на личности со сомнителна позадина и сомнителен кредибилитет, кои шират лаги за наводни вработувања на 300 пилоти, иако се знае дека потребата од пилоти во државата е далеку помала, без притоа да побара став од СДСМ, велат од СДСМ и додаваат дека апелираат до медиумите да ги проверуваат изнесените информации и на тој начин да дадат придонес во бробата против лажните вести.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This