АТИНА ВИА СОФИЈА?: Заев ќе го смени името на државата на средбата со Ципрас во Софија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Опозицијата бара итна лидерска средба за името, а аналитичарите очекуваат в четврток во Софија премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас да пресечат и за останатите спорни прашања.
Се уште не се знае дали ќе има лидерска средба за името како што побара претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој ја прекина посетата на Италија за да побара лидерска средба, пишува „Слободна Европа“.

Денеска од Владата не одговараат дали се почнати контакти подготовки за лидерска средба и за ова прашање упатуваат на вчерашното соопштение. Во него тие наведоа дека лидерска средба ќе се одржела во термин кој им одговара на сите политички субјекти кои се дел од овој вид средби, а дека во меѓувреме лидерот на опозицијата можел да побара средба со премиерот.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека Мицкоски досега не бил контактиран од Владата за термин за одржување на евентуална лидерска средба за името, а секој термин за него е прифатлив, освен в среда кога заминува на самит на ЕПП во Софија.

„Тоа што премиерот Зоран Заев одбегнува лидерска средба создава впечаток дека нешто се крие од јавноста“, наведуваат од опозициската партија.

Од таму на прашањето зошто бараат итна лидерска средба одговараат критикувајќи ја владата за дисонантни тонови, затвореност, попуштање и ретерирање во позициите.

„Јавноста е во исчекување, а граѓаните имаат право да знаат што македонската влада прифаќа уште пред да има официјален договор за тоа, бидејќи за Македонија нема посуштинско прашање од прашањето за спорот за името“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This