April 26, 2024, 10:06 pm

(Аудио)САШО ТАСЕВСКИ СО НАВРЕДИ И ПЦОВКИ: Директорот на Драмски театар со закани, навреди и клевети до новинар на Инфомакс!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сашо Тасевски повторно пред целата македонска јавност доживеа нервен слом, но овој пат во комуникација со новинар на нашиот портал Инфомакс

Имено нашиот репортер уредно го исконтактира директорот на Драмскиот театар во Скопје, Сашо Тасевски и му постави прашања во врска со поплаките кои пристигнаа до нашата редакција во врска со проблемите со кровот на театарот кој при врнежи од дожд редовно прокиснува.

Романтично е да гледаш претстава со дожд ефекти во драмски театар #скопје

Posted by KAMAJ on Wednesday, May 23, 2018

Откако првиот разговор на иницијатива на нашиот репортер заврши, разговор кој беше со цел да се обелодени и „другата страна“ откако вчера нашиот портал објави текст кој не му се допадна на Тасевски, тој доживеа вистински нервен слом сличен на оној кој го доживеа во живо на емисијата Во Центар со Васко Ефтов.

Одлика и карактеристика на Тасевски е секој пат кога тој е соочен со факти и докази кои не одат во негова корист тој да користи навреди и закани. Токму тоа се случи при вториот разговор на нашиот репортер со Тасевски. Тасевски телефонски го побара репортерот на Инфомакс и му упати низа на навреди и закани на што нашиот новинар одговори дека, нашиот портал секој пат ја пренесува вистина му се допаѓала или не на некого.

Вистината е дека Тасевски е речиси една година директор и се уште до ден денес го нема санирано проблемот со кровот кој редовно прокиснува, а дрскоста на Тасевски е одличен показател за неговата немоќ и неспособност соочен со фактите.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This