(Аудио) Сkaндалозно свeдоштво на полициски службеник: Вториот човек на СВР Велес вмешан во предизборен потkyп?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полициски службеник за Инфомакс откри шокантни информации за вмешаност во предизборен поткуп на вториот човек на СВР Велес. Како што откри изворот, помошник-началникот во секторот за внатрешни работи Велес бил вмешан во предизборен поткуп и за време на парламентарните избори, а незаконските дејствија ги вршел во соработка во политички лица на моменталната власт.

„Ова што сега треба да го кажам, едноставно да го потврдам тоа што фактички вие лично го видовте, а тоа е дека пред половина час со полициско службено возило беа забележани тројца полициски службеници меѓу кои едниот беше вториот човек на СВР Велес, односно помошник-началникот во секторот за внатрешни работи Велес, открива изворот.

„Сигурно се запрашавте што прави помошник-началникот на СВР Велес во 23:00 часот во место каде што е најкритично за нудење, односно за давање поткуп. Таму каде што поминавме претежно живее ромското население и она што вие како новинари треба да го знаете, е тоа што пред година дена за време на парламентарните избори ова лице беше директрно инволвирано во подготовките, односно учествуваше директно со неколку политички лица на моменталната власт“, додава тој.

„Јас само можам да дадам примери со групата за интервенција на различни места од другата страна на градот со тргање на полициски полициските службеници на работните места, за можат да го прават тоа што го прават моментално, односно собирање поткуп. За тоа немаме докази моментално, ги гледавме многу пати, лани и сега работиме, денеска ги видовме лично. Основите на сомнение се дека благодарение на тој чин, со активно учествување во нудење и давањето на поткуп, после неполна година му беше дадено понуда за работа во сектор за внатрешни работи денес каде што моментално ја извршува таа задача“, открива понатаму изворот.

„Ја мислам дека сега го видовте, иако е веќе избоорен молк, мислам дека тоа му е кривично дело за кое што моментално вие го затекнавте каде го подготвува, истото е казниво, согласно со изборниот законик и кривичниот закон на Република Македонија, така да доколку истото се докаже му се заканува минимум казна, мислам дека беше три или пет години казна затвор Сведоци сте и вие како новинари, сведоци се уште двајца други граѓани, сведоци се колегите другите што беа присутни таму, така да се надевам дека ќе дојде време ова да се истражи и да сносат кривична одговорност“, вели изворот за Инфомакс

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This