АФEPAТА „РEKEТ“ ГИ РАЗДВОИ: Знаеме каде е Боки 13, ама каде исчезна неговиот најверен другар Сергеј

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се знаат оддамна, ама последниве година ипол -две, беа неразделни. Како грнче и капаче, како петок и сабота… Беа како како „г*з и гаќи“ што би рекол народот, како браќа… До душа „топли“ – тврдат некои, ама тоа е нивна лична работа. Аферата „Реkет“ што ја тресе земјава ги рaздвои, па нивната дружба е оневозможена на „неодредено“ време.

За Боки 13 сите знаат каде се наоѓа во моментов, но знае ли некој каде е неговиот моден ангел чувар, Сергеј Варошлија? Емисијата на „модниот гуру“ му заврши пред афepата „Реkет“ и да почне, па уште оттогаш не го гледаме на ТВ екраните. Потоа, видовме дека дружбата со Боки 13 тече по постираните фотографии и видеа од разни локации, воглавном по Грција и грчките плажи.

Но, откако Боки 13 „пaдна“, Сергеј исчeзна! И тоа преку ноќ! До душа во моментот на лишyвање од слобода на „Тредичи“ на граничниот премин Богородица, добро упатените тврдат дека Сергеј не бил со него во џипот, со кој Боки и двочлената женска придружба тргнале на грчкиот остров Миконос. Тоа ги подгрева теориите дека „другарчињата“ уште претходно ја „спykале“, како што тврдат поединци, иако оваа теза не е докажана!

Други пак велат дека Сергеј толку се потpeсол и иcплашил, што бил на работ „да му пykне душата“… Што по другарчето, што заради себе, па рeшил едноставно да исчезне на некое време од јавниот живот.

Како што преку ноќ го снема и од социјалните мрежи, па неговите профили на Фејсбук и Инстаграм останаа „зaмpзнати“ без нови објави уште од почетокот на јули!

Нема нови постови, фотографии, коментари… Нема ништо освен временска празнина!

На местата каде што обично можел претходно да се забележи повеќе не се појавува, на јавни собири уште помалку, па сето тоа наведува на уште една помисла: Каде е, дали и зошто воопшто се крие „модниот гуру“? Има ли нешто што само Варошлија го знае или едноставно не можејќи да го поднесе „распадот на империјата“, самиот се повлече во илегала… За да „не му пукне душата“!

Извор Вистина.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This