April 24, 2024, 10:18 pm

АХМЕТИ БИЛ МНОГУ ВОЗНЕМИРЕН: Се активира ли повторно психијатриската дијагноза утврдена во Швајцарија кај Ахмети во пресрет на уставните измени?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали е нарушена психичката стабилност и психолошкиот баланс на лидерот на ДУИ Али Ахмети по изјавата дека се чувствувал „вознемирен“ за уставните измени, со оглед на фактот дека Швајцарските власти му доделиле пензија поради дијагнозата дека боледува од шизофренија, останува да проценат лекарите. Она што ја вознемирува пак Македонската јавност е тоа што владината коалиција помеѓу СДСМ и ДУИ итаат кон промена на уставното име, притоа газејќи по волјата на народот јасно искажана на референдумот одржан на 30.септември кога 1.2 милиони граѓани решија дека прашањето не заслужува одговор

– Како да имам еден немир за уставните измени, затоа што ова е еден многу важен процес, се плашам да не се повреди од невнимание на институциите, вели претседателот на ДУИ Али Ахмети во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Ахмети сепак има ставови за владеењето со Груевски, СЈО и очајно посакуваниот консензуален претседател.

На прашањето со кого подобро функционира на власт, со ВМРО-ДПМНЕ или со СДСМ, Ахмети одговара:

– Сега, за да се направи споредба, мислам дека треба да помине едно подолго време за да се биде пообјективен, за да се биде порационален, затоа што, ако правиме една избрзана споредба, секако дека можеме да правиме и грешки. Направени се добри, корисни работи и во заедничката власт со господин Груевски, но направени се и добри работи со партијата на господин Зоран Заев во мандатот 2002 – 2006 и јас сум се потрудил да бидам еден искрен соработник, за важните теми.

Али Ахмети додава дека се чувствувал навреден на констатциите на медиумите дека тој „се плашел од истрагите на СЈО“.

– Ми изгледа малку, како да речам, навредливо да речеш: јас ли да се плашам од истрагите, од кажувањето, или откривањето на вистината. Ние имаме една одлука и ќе ми треба да побарам и да ги замолам сите вас медиумите за да промовирате, за да објавите што повеќе за таа одлука на Демократската унија за интеграција, за таа одлука која јас неколкупати ја имам промовирано во медиумите, за да се отвори истрага од 2002 година, се до моментот кога ние сега зборуваме за оваа ваша програма, затоа што луѓето не треба да се стават со грбот до ѕид со непотврдени обвинувања, со неоткриени обвинувања во еден редовен судски процес. Јас не заштитувам, ниту амнестирам некого кој ја има изневерено дадената доверба од Демократската унија за интеграција, вели Ахмети.

За консензуалниот претседател, Ахмети вели дека Македонија не е далеку од спроведување на таа идеја.

„Мислам дека не сме далеку од идејата дека на земјата ѝ треба еден консесуален претседател, еден усогласен претседател, но сè уште не сме разговарале за деталите и мислам дека во иднина, по завршување на овие големи процеси кои ги имаме, ќе може да разговараме и за ова тема“, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за Радио слободна Европа.

Запрашан како ќе го убеди коалициониот СДСМ да прифати ваква идеја со оглед на тоа што и ДУИ и социјалдемократите имаар решиси изедначен рејтинг меѓу Албанците, Ахмети вели:

„Е, сега не би сакал да навлезам, ниту да шпекулирам, ниту да коментирам анкети, затоа што анкетите треба да ги коментират самите куќи кои ги прават анкетите, но едно се знае дека Демократската унија за интеграција ја има легитимноста и најголемата поддршка на Албанците на Република Македонија“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This