March 29, 2024, 12:55 am

АХМЕТИ ГО ИЗВЕСТИЛ ДАНКАН ЗА МОЖНОСТА ДУИ ДА ОДИ ВО ОПОЗИЦИЈА: Сеуште нема договор со СДСМ, можеби ќе одиме во опозиција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Британската резиденција во Скопје, Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, се сретна со британскиот министер за Европа и за Америка, Алан Данкан и британскиот амбасадор Чарлс Гарет кои се во посета на Македонија

dankan_ahmeti

Данкан ја изрази поддшката на Велика Британија за една стабилна и напредна Македонија и истакна дека решавањето на ситуацијата се наоѓа во рацете на локалните политички партии.

Лидерот Ахмети изрази голема благодарност за улогата на Велика Британија во земјата и во регионот нагласувајќи ја 16-годишната соработка со официјален Лондон и говореше за улогата и големиот придонес на армијата и британските власти за мирот и стабилноста во земјата. Ахмети нагласи дека изборите во земјата беа демократски и веродостојни, така што произведоа тесен и многу предизвикувачки резултат за политичките партии.

Лидерот на ДУИ истакна дека заокружувањето на Охридскиот Договор, владеењето на правото како и Евро-атланската интеграција се предуслов за стабилноста и безбедноста во земјата и побара поддршка од Лондон за членство на Македонија во НАТО.

Ахмети истакна дека во донесувањето на својата одлука ќе ја зема предвид волјата на гласачите на ДУИ, Албанците, но и очекувањата на граѓаните и нашите меѓународни пријатели.

Земјата се наоѓа пред многу предизвици и ДУИ ќе игра конструктивна улога.

Ахмети го запозна Министерот Данкан дека во денешниот состанок на Централното претседателство на ДУИ ќе се разговара за можностите и опциите на ДУИ имајќи во предвид изборниот резултат, вклучувајќи ја и можноста ДУИ да остане во опозиција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This