Ахмети до Заев: „Нема да станеш премиер ниту со 46 пратеници“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако лидерот на СДСМ, изјави дека не може да се станете премиер со 15 пратеници, алудирајќи на барањето на интегративците за премиер, лидерот на ДУИ, Али Ахмети во ексклузивна изјава за весникот “КОХА”, вели дека премиер не може да стане ниту со 15, ниту со 46 пратеници.

Ниту со 46 пратеници, не се станува премиер. Во оваа ситуација, на сите инволвирани страни им е потребна смиреност, мудрост и да размислуваат за највисоките интереси на државата. Можам да кажам дека ДУИ е фактор на стабилност во земјата. Ние внимателно ги анализираме ситуациите, нема да брзаме. Секоја чекор што ќе го преземаме, ќе го направиме во интерес и корист на државата, мирот, стабилноста и унапредувањето на поголемите процеси, како што се Охридскиот договор, Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство, спроведувањто на законот за јазиците, борбата против криминалот и корупцијата. Но, во никој случај да не се избегнува од процесот на Ветинг. Секој ќе биде во партнерство со нас ако се согласув со овие точки. Вклучувајќи го и премиерот”, изјави ексклучиво за “КОХА”, Али Ахмети, лидер на ДУИ.

Запрашан да ја коментира идејата на шефот на СДСМ за укинување на министерствата без ресор, Ахмети проценува дека ова е прашање за кое се преговара, доколку партите доѓат до преговори и за ова точка. Тој, исто така, изјави дека во моментот нема ништо конкретно во однос на разговорите за формирање на новото парламентарно мнозинство и дека нема конкретен датум за средбата. “Ние анализираме, и работиме”, подвлече Ахмети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This