АХМЕТИ ДО ПРЕГОВАРАЧОТ НИМИЦ: Драг Мет, бидна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети му напиша писмо на посредникот меѓу Македонија и Грција во преговорите за името, Метју Нимиц. Обраќајќи му се како Мет, Ахмети посочува дека во 2012 година, негов голем американски пријател му сугерирал да отпатува во САД и тоа веднаш по пропаѓањето на тогашните напори за решавање на спорот со името со Грција.

–Му ветив дека откако ќе ја завршиме изборната битка за локалните избори следната година, ќе направам напори да отпатувам преку океанот. На почетокот на мај 2013 година, стигнав во Вашингтон каде имав серија официјални средби со истакнати американски дејци по однос на прашањата за Југоисточна Европа. Моите соговорници во Стејт Департментот, во Конгресот, во Пентагон и во Белата Куќа ми рекоа дека мојот американски пријател им го порачал следново: ‘Послушајте го Али, затоа што тој е многу загрижен штом решил да дојде до тука. И навистина, ме слушаа со внимание. Потоа отпатував за Њујорк, на средби со британската, американската и француската мисија при ООН, за да ја завршам мојата посета на САД со средбата што ја имав со тебе, драг Мет. Охрабрувајќите да ги продолжиш напорите кон решение, тој ден ти реков дека ќе влезеш во историјата, дека ќе се паметиш како човекот кој што изгаси едно големо кризно жариште, овозможи мир, сигурност, стабилност и иднина за мојата земја, пишува Ахмети.

Денес, му напоменува, можеби сме истрошени со годините, но работата е завршена. Кога се постигнува компромис, никој не излегува танцувајќи, му рекол Нимиц на Ахмети во една прилика. Сега претстои заедничко делување за осбрана на слободата и заедничките вредности за човековите слободи и права, демократијата, солидарноста и владеењето на правото. Ахмети му се заблагодарува на Нимиц за упорноста и го повикува да биде присутен кога Македонија ќе се постои рамо до рамо при големото евроамериканско семејство на НАТО.

–Пишав долго, пријателе мој, затоа што јас, во ова патешествие, го следев мојот преродбенички завет за припадност кон западот, додека ти ги следеше човечките вредности прегрнати од страна на светските демократии и сметам дека двата наши поттици беа целосно компатибилни и совпадливи. Дојде денот, драг Мет, да ти речам, бидна, заклучува лидерот на ДУИ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This