April 25, 2024, 12:21 am

АХМЕТИ: И благодарам на Велика Бријатанија што учествуваше во процесот за промена на името!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција г. Али Ахмети, оствари работна посета со г-ѓа Рејчел Галовеј,амбасадор на Велика Британија во Македонија.

Г. Ахмети и амбасадорката Галовеј разменија мислења за политичката ситуација во Македонија, но и во регионот, градењето на ДУИ за следните две децении како и за претседателските избори.

г. Ахмети изрази благодарност до Велика Британија за подршката во сите прогресивни процеси во земјата во насока на затворање на споровите со соседите, евроатлантската интеграција и реформите во земјата.

Ахмети ја покани и британската фондација Westminster да се вклучи во напорите да се изгради ДУИ за двете следни децении во структурен и програмски аспект.

Во врска со претседателските избори, г. Ахмети зборуваше околу концептот на еден прифатлив кандидат за носителите на политичкиот легитимитет делегиран од граѓаните и во согласност со нивните очекувања.

Во врска со дијалогот помеѓу Косово и Србија, г. Ахмети ја повтори потребата од заокружување на демаркацијата и меѓусебното признавање на двете земји при што придобивка ќе има целиот регион.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This