АХМЕТИ И ЗАЕВ ВЛЕГУВААТ ВО ПРЕГОВОРИ: Ќе се преговара со БЕСА и некои пратеници кои биле дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ но сега се независни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коалициските партнери во владата – СДСМ и ДУИ, утре почнуваат интензивни разговори за проширување на парламентарното мнозинство, во кое веќе изразија желба да пристапат двата табора на БЕСА и повеќе партии со еден пратеник во парламентот, кои беа дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, ама по локалните избори почнаа да делуваат независно – пишува „Фокус“

Според владини извори, во рамки на овие разговори треба да се расправа околу министерската функција за правда, која е испразнета по оставката на Билен Салији. Од ДУИ порачуваат дека немаат намера да се откажат од оваа функција во корист на потенцијалните нови владини партнери, туку го нудат министерството без ресор, кое е испразнето по изборот на Рамиз Мерко за градоначалник.

Сепак, не е исклучено ова министерство да заврши кај нов владин партнер, или, пак, некој од ресорите под контрола на социјалдемократите, управувано од кадар за кого ќе се оцени дека покажал незадоволителни резултати. Од СДСМ велат дека се уште е рано да се разговара за министерски позиции, туку започнуваат разговори за зголемување на парламентарното мнозинство во насока на поддршка на реформите.

Неофицијално, на денешната седница на Централниот одбор на СДСМ било најавено дека сите функционери се под лупа и оние што нема да работат добро ќе бидат променети. Но, не биле посочени конкретни имиња и ресори.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This