АХМЕТИ МУ ЈА ПРЕДОЧИ РЕАЛНОСТА НА ХАН: Џабе везете, нема доволно време за нови закони и за продолжување на мандотот на СЈО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претходно, Хан разговараше и со специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, премиерот Емил Димитриев, претставници од невладиниот сектор и со лидерот на ДПА, Мендух Тачи

ahmeti_han

За да се усвојат нови закони, треба да се прават и нови договори, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, одговарајќи на новинарско прашање дали Собранието ќе ги донесе законите за олеснување на работата на СЈО.

Ахмети е дециден дека за сето тоа, сепак, нема време.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

– Имавме многу добра средба со Хан и заеднички став е дека веќе постигнатиот договор треба да се почитува од сите. Тоа е клучно за да се одржат фер и демократски избори – изјави Ахмети.

 

[/kopa_block_quote]

По средбата со лидерот на ДУИ, еврокомесарот се упати кон седиштето на СДСМ, каде треба да разговара со лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

Претходно, Хан разговараше и со специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, премиерот Емил Димитриев, претставници од невладиниот сектор и со лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

По средбата со Ахмети, еврокомесарот на „Твитер” напиша: „Добра размена на ставови со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Имавме сеопфатна дискусија за условите што треба да бидат исполнети за веродостојни избори, реформските приоритети и за помирувањето”.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This