АХМЕТИ НА СРЕДБА СО ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА: Странските амбасадори одработуваат за Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска се сретна со германската амбасадорка Кристине Алтхаузер со која разговараше за политичката ситуација во земјата и очекувањата од создавањето на новата влада

pronajdeni-chovechki-cherepi-i-koski-vo-dvorot-na-ahmeti-vo-zajas

На средбата, Ахмети оценил дека изборите на 11 декември биле веродостојни и демократски и оти резултатот е прифатен од страна на сите учесници и меѓународната заедница.

Ахмети, како што соопшти ДУИ, информирал за опциите за кои во партијата се развива отворена и конструктивна дебата, а кои вклучуваат коалиција со ВМРО, со СДСМ, широка владина коалиција, да останат во опозиција и повторување на изборите.

Лидерот на ДУИ ја нагласил потребата за поддршка од Германија за евроатлантската интеграција и за развивање на реформите во земјата, истакнувајќи дека албанскиот јазик, системските реформи и интеграцијата во НАТО и ЕУ остануваат апсолутен приоритет за ДУИ.

althauzer_zaev

Претходно, германската амбасадорка Алтхаузер оствари средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев, а на Бихаќка пристигна во придружба на сопругата на Сашо Орданоски, Бјанка Зафировиќ Орданоска, која пак е вработена како советник во Германската амбасада во Македонија.
За Ордановски, долго во Македонските медиуми се пишува дека токму тој и неговата сопруга ја злоупотребуваат блискоста со германската амбасада за свои лични цели и остварување на бизнис интереси со сомнителни личности и пари од Косово.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This