Ахмети: Нема cилa што може да ја yништи идејата за премиер Албанец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Демократската Унија за Интеграција во преставувањето на Изборната програма за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 15 јули, престојуваше во Дебар, каде претседателот на партијата, Али Ахмети пред присутните рече дека нема ниту еден неостварен сон досега, иако соништата се бескрајни.

Ние отвараме ново поглавје кое има поддршка и понатаму ќе има и за ова сум многу сигурен. Ние затворивме едно многу сложено поглавје за ова земја, мината година зачленувајќи ја нашата земја во НАТО. Сега се отвара ново поглавје за зачленувањето на нашата земја во Европската Унија кој не е лесен предизивк бидејќи нас не очекува тешка работа, знаење и стручност. Воспоставувањето на европските стандарди во ова земја ни го забрзува нашиот пат кон членството и овие стандарди се: ветингот во сите области, почнувајќи од политичарите, пратениците, функционирите и градоначалниците, судиите, обвинителите, полицајците и командирите. Зошто сите да не поминат низ филтер. Јавно сум побарал да се отвори истрага од почеток на нашето дествување на нашето големо семејство од 2002 година до денес. Само така може да бидеме сигурни и одлучни зголемувајќи ја довербата еден кон друг – изјави Ахмети на почеток на неговиот говор.

Тој истакна дека во ова поглавје што се отвара има и од тие кои се скептични неверувајќи во остварувањето на нашите цели, при што не треба да не спречат.

Да веруваш е доблест, храброст, нестанувајќи олеснувач главата секогаш се враќа назад кон пропаст. Ние секогаш сме верувале и тоа ни помогнало. Јас и моите соработници со кои соработуваме 30-тина години секогаш ќе бидеме Ваши гардиани, таму каде ќе имате потешкотии да знаете дека мечот на Вашите постари браќа нема да престане и секогаш ќе излезете горди. За 20 години во ова земја, Албанците инвестирале многу во младината, инвестиравме во ова богатство и сум горд за подготовките кои ги има и во секое соочување ме направија горди, каде јас сум учествувал во сите маси, нашата младина досоинствено не претстави во органите на извршната и локалната власт – истакна Ахмети.
Идејата на премиерот Албанец, што ја иницираше ДУИ, според Ахмети нема ниту куршум ниту сила што може да ја уништи бидејќи идеите не можат да се убијат, тие триумфираат.

Ние не влеговме во трка за да се шегуваме за Првиот Премиер Албанец, не сакаме и не го правиме тоа за да го подобриме угледот ниту да ја поправиме историјата на ДУИ, ниту пак да ја збогатам мојата лична историја, бидејќи нема поголеми моменти од тоа што се знае дека јас сум победник на двете војни во Косово и војната во 2001 година, тука во РСМ. Ние излеговме со ова идеја за да победат Албанците бидејќи тие се сопственици во ова земја и нема причина некој да биде толку загрижен како што ги гледам моите колеги Зоран и Мицковски и неколку помали кои не ги познавам и не ги памтам имиња. Нашата идеја за Премиер Албанец ги води процесите напред, ја зголемува довербата помеѓу заедниците. Ништо лошо нема да и се случи на ова земја каде за пример може да ги земаме Кичево и Струга, наспроти многуте реакции, иако луѓето тука имаат соживот – заврши Ахмети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This