Ахмети: Не сакав да се вклучам во политика, ми беше наметнато

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 откри и дека воопшто не планирал да се вклучи во политиката, но тоа му било наметнато.

„Да ви објаснам нешто. Во 2001 година воопшто не планирав да се вклучам во политика. Мојата цел беше да се подобрат правата на Албанците. Тогаш предложив координативно тело кое ќе ги следи политиките за подобрувања на правата на Албанците. Но ова тело не профункционира. Тогаш на состанок ми дојдоа Арбен Џафери од ДПА и Имер Имери од ПДП во штабот и ми рекоа – „г-дине Ахмети направи своја куќа“, мислејќи на моја партија. Тогаш, поранешните борци на ОНА потпишаа писмо со кое бараа формирање на нова партија и така се формира ДУИ. Значи, ми беше наметнато да формирам партија“, истакна Ахмети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This