АХМЕТИ ПРЕГОВАРА ЗА ИМЕТО: Коѕијас се сретна со Ахмети, со претседателот на државата Иванов нема средба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска оствари средба со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас.

Претходно, Коѕијас се сретна со претседателот на Собранието, Талат Џафери, на што претходеа и одвоени средби со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, и со премиерот Зоран Заев.

Коѕијас на средбите со Заев и Димитров изрази задоволство од досегашниот напредок во решавање на спорот за името. Конкретно, на оваа тема двајцата министри за надворешни работи ќе расправаат на 30 март во Виена, каде што ќе остварат заедничка средба со медијаторот Метју Нимиц, кој од двата нацрт-предлога на Грција и Македонија за името треба да направи еден, прифатлив за двете страни.

По завршувањето на средбата со Ахмети, грчкиот министер за надворешни работи ќе се сретне и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Од државниот врв, околу спорот со името, Коѕијас нема да се сретне само со претседателот Иванов, кој претходно кажа дека Владата од него го крие предлогот за решавање на спорот кој го пратиле до Грција.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This