АХМЕТИ ПРЕД ОДЛУКА ЗА КОАЛИЦИЈА СО СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Али Ахмети решава за потписите на ДУИ. На состанок со најтесното претседателство на партијата, потпретседателската тројка Меџити, Арифи и Бејта  го информира лидерот на партијата Али Ахмети и неговите најблиски соработници за деталите од вчерашните разговори со преговарачите на СДСМ, но и какави  гаранции добиле од лидерот на СДСМ Зоран Заев, за да му ги дадат потписите на нивните 10 пратеника за Заев да го добие мандатот, по што ќе почнат и суштински преговори за Влада, пишува 24 вести

ali-ahmeti-hashim-thaqi-foto-xhemail-sllovinja-10-1-1

Висок партиски функционер од ДУИ за телевизијата не сакал да открие кои се гаранциите, но вели дека вчерашните разговори се воделе на принципиелна основа. Порачува дека се уште се далеку од материјална и суштинска дебата околу нивните барања и етничките теми. 

Истиот функционер вели дека е оптимист дека ДУИ ќе ја даде поддршката за мандатот на Заев, но сепак ќе се соочи со аргументите и на крилото кое во ДУИ беше најгласно за коалиција со ВМРО ДПМНЕ, по ставовите кои официјално ги истакна партијата дека нема потписи без договор за Влада. 

 

Оптимизмот и песимизмот за составување на влада со СДСМ во ДУИ варира во зависност од тоа од кое крило доаѓаат информациите. Меѓу функционерите има и такви кои се врзани со проектите на СОРОС и истите очекувано ја држат страната на СДСМ, меѓутоа голем број високо поизционирани „интегративци“ меѓу кои и лидерот Ахмети стојат на ставот дека не треба да се кршат принципите на влада на победниците и дека најдобро е да се направи коалиција со СДСМ.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This