АХМЕТИ САКАЛ ДА СЕ СТАВИ ПРЕД ПАРТИСКИТЕ ИНТЕРЕСИ: Државните интереси му биле пред партиските на Али Ахмети

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот дел од денешната средба беше позитивен, владата и опозицијата најдоа решенија, владата се повлече од првичните позиции во интерес на државата и за опозицијата да го добие тоа што го бараше – изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети по лидерската средба која штотуку заврши.

Вториот дел од денешната средба е разочарувачки, вели Ахмети.

– Позицијата ги бранеше државните интереси. Разликите се во прашањето кое што треба да се постави на референдумот. Се разбира дека нормалниот тек на референдумот зависи и од прашањето кое што ќе го поставите. Во овој случај сакам да истакнам дека сите ние треба да ги ставиме државните интереси пред партиските интереси. И сметам дека во оваа ситуација опозицијата треба да ги стави пред се државните интереси – изјави Ахмети.

Тој рече дека дискутирани се многу детали и дебатирано е доста за ова прашање.

-Конечниот став на ДУИ е дека треба да се имаат предвид државните интереси, а тие се да бидеме членка на ЕУ и НАТО – рече Ахмети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This