АХМЕТИ СЕ ЗАКАНУВА СО УКРАИНСКО СЦЕНАРИО: Бара побрзо да се состави влада за да се избегнело крвопролевање!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската Унија бара брзо формирање на Влада за да може да се продолжи на патот на имплементирање на реформите, изјавил Али Ахмети по вчерашната средба со шефицата на Европската дипломатија Федерика Могерини, велејќи дека ситуацијата мора побрзо да се стабилизира со посредство на ЕУ за да не дојде до Украинско сценарио

ahmeti

„Како што побараа од ЕУ, исто и јас побарав од нив да помогнат во стабилизирањето на ситуацијата. После средбите со политичките партии, Могерини се сретна и со претседателот на државата, за да и он ја повлече одлуката со која не му го даде мандатот на господинот Заев. Таа одлука и од нас, но и од госпоѓата Могерини беше проценета како забрзан чекор. Земјата има потреба што побрзо да се формираат институциите, и да се нормализира состојбата, ова се очекува од сите граѓани на Република Македонија.

На прашањето дали ова веќе личи на украинско сценарио, Ахмети рече дека во регионот околностите не се најповолни. „Кога јас велев дека Македонија не е далеку од Украина, некои дури и се пошегуваа со тоа, но ова е регион во кој пред 20 години имаше крвави војни. „Ние живееме во регион во кој сѐ уште има неисушена крв врз земјата. Живееме во регион кој што се уште има исчезнати лица. Живееме во регион во кој што се уште се слуша плачот на мајките, и не треба да се потцени ниту една ситуација и токму ова ме наведе да кажам дека треба да внимаваме сите, и сите внимателно да се замислиме. Украина не е далеку. Република Македонија е на крстопат, каде што многу лесно може да дојде до тензии и јас не сакам ниту една политичка партија да даде придонес за да се запали оваа држава.

Со вакви провокации се јавија и од вештачкиот протекторат Косово, од каде Хашим Тачи се закани дека „Албанците ќе ги преземат работите во свои раце“.

На оваа закана, се јави и официјална Москва која повика Западот да престане да се вмешува во внатрешните работи на државата, користејќи ги Албнаците како инцијална каписла за сите проблеми во регионот.

Дополнително, официјална Москва смета дека Косово е главен генератор на кризи во регионот.

20 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This